20211209_120136-1

Можности за соработка со Музејот на жртвите на геноцидот од Белград

Официјална делегација од Музејот на жртвите на геноцидот во Белград, поточно директорот г. Дејан Ристиќ и г. Бојан Арбутина, кустос-историчар, на 9 декември 2021 година го посети Државниот архив и разговараше со директорот д-р Емил Крстески. Музејот на жртвите на геноцидот во Белград (muzejgenocida.rs) е формиран со Закон во 1992 година, а институционално започнал да функционира во 1995 година. Задачи на овој Музеј се зачувување во трајно сеќавање на жртвите на геноцидот и собирање, обработка и користење на податоци за поединечни и групни жртви на геноцид.

20211209 112938

Д-р Емил Крстески и г. Дејан Ристиќ на состанокот разговараа за можностите за воспоставување меѓуинституционална соработка и реализација на заеднички програми и проекти од областа на научно-истражувачката дејност, едукацијата, издавачката дејност и организирање на заеднички научни собири и изложби.

20211209 120136 1

Најнови објави