Arhivot_vo_Skopje

Татјана Алексовска Сапунџиоска: „Наша цел е да се зачуваат документите, подарувајте ги на Државниот архив“

Раководителот на подрачното одделение – Скопје, Татјана Алексовска Сапунџиоска гостуваше на една од националните телевизии, каде ги повика приватните иматели од територијата на градот Скопје да подаруваат архивски материјал на подрачното одделение.

Раководителката ја објасни постапката за подарување на архивски материјал и неговата валоризација, начинот на кој приватните иматели може да се обратат во подрачното одделение и неговото понатамошно преземање и чување. Во моментов граѓаните се интересираат за подетални информации околу видовите на документи кои може да се предадат и се информираат за постапката за подарување. Таа се осврна и на улогата на Државниот архив во општеството, како и процесот за прибирање, обработување, чување и афирмирање на документите преку организирање изложби.

https://www.youtube.com/watch?v=M2Ym4aRW3r0

Подрачното одделение, според раководителката Татјана Алексовска Сапунџиоска е посветено на осовременување на пристапот до документите, со цел овозможување на квалитетни услуги за граѓаните од градот Скопје и околината. Станува збор за потреби од имотно – правен карактер, пензиски права како и за истражувачки цели.

Ова одделение располага со 772 фондови со архивски материјал, кои го опфаќаат периодот од времето кога Скопје претставувало турска општина преку периодот меѓу двете светски војни, Народно – ослободителната борба до денес.  Фондовите се достапни за користење од страна на заинтересираните лица согласно утврдената постапка.

Најнови објави