2

Поставена изложбата „Македонската жена во Големата војна 1914 -1918“ 

„Македонската жена во Големата војна 1914 – 1918“ е наслов на поставената изложба во НУ Музеј на македонската борба со која Државниот архив се вклучува во светското одбележување на 8 Март, меѓународниот ден на жената и денот кога се истакнува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност. Авторката на изложбата користејќи ретка и значајна документација од архивските фондови, низ изложбените паноа се обидува да ја прикаже жената и Големата војна на територијата на Македонија, независно од возраста и националната припадност, жената преку хуманитарната работа, женските права, еманципацијата и феминизмот.

1 1 3

Преку фотографиите и документите се согледува храброста на медицинските сестри во амбулантите и болниците, сочувството на мисионерките во добротворните друштва, но и пожртвуваноста на мајките како глави на семејството додека нивните сопрузи биле на фронтот. Големата војна 1914 – 1918 како искушение на човештвото ја потврди жената како борец, која го штитела семејството, но покрај тоа наоѓала сили и да се еманципира и да ја чува традицијата.Државниот архив ги повикува сите припаднички на понежниот пол да ја посетат изложбата и да погледнат дел  од историјата на жената во едно бурно време.

3
thumbnail

Најнови објави