Во рамките на традиционално добрата соработка и актуелниот Договор за соработка со Државната агенција на архивите на Косово, делегација од тој Архив на 28 март го посети Државниот архив во Скопје и оствари средба со д-р Емил Крстески, директор, и проф. д-р Музафер Бислими, заменик-директор.
Делегацијата од Државната агенција на архивите на Косово беше предводена од г. Бедри Зиберај, директор, кој беше придружуван од г-ѓа Шпреса Мекај, директор на Одделението за политики за развој и г. Бесим Пирева. На работната средба со делегацијата од Косово присуствуваше и г. Влорат Гаши, министер-советник од Амбасадата на Република Косово во Скопје.
За време на посетата, д-р Емил Крстески и проф. д-р Музафер Бислими имаа чест да разговараат со г. Бедри Зиберај за активностите што двете архивски институции ги имале во изминатиот период и за можностите за реализирање конкретни заеднички проекти, што ќе подразбира заеднички публикации, односно зборници на документи и заеднички архивски изложби.
На делегацијата од Косово ѝ беше презентиран начинот на работење во нашиот Архив, како и новоформираното Одделение за средување и обработка на архивски материјал од османлискиот период a беше посетена и спомен куќата на мајка Тереза.