2

Ново издание на Државниот архив: „Скопската партиска организација на ПК за КПЈ/КПМ (1941 – 1944)“ книга 2

Зборникот документи „Скопската партиска организација на ПК за КПЈ/КПМ (1941 – 1944)“, избор, предговор, вовед, редакција и превод на д-р Љубица Јанчева, д-р Катерина Мирчевска, д-р Димитар Љоровски, претставува историски извор за Народноослободителната борба во Македонија и историјата на Комунистичката партија на Македонија. Документите во зборникот се необјавен изворен архивски материјал за реконструкцијата и за активноста на партиската организација на ПК на КПЈ за Македонија/КПМ за градот Скопје и Скопската Област во периодот на Антифашистичката и народноослободителната војна во Македонија.

2

Втората книга од зборникот вклучува 235 стенографски белешки од 75 соговорници, присутни на состаноци на ЦК на СКМ. Тоа се автентични искажувања на учесници во НОБ од градот Скопје и Скопската Околија во февруари 1958 година. Во ова издание се наоѓаат интересни информациии за формирањето и за составите на партиските организации, ќелии и групи во скопските фабрики, училишта, претпријатија и селата во Скопската Област, за формите на организирање и конкретните манифестации на отпор против окупацијата и барања за зголемување на правата на работниците организирани од Партијата, како и за формирањето и акциите на Скопскиот партизански одред.

Најнови објави