Bgv1

Државниот архив и Општина Боговиње иницираат заеднички проекти

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу, при што беше договорена заедничка соработка. На состанокот беше договорено Државниот архив со стручни кадри да помогне во средување и систематизирање на архивската документација што  ја поседува Општина Боговиње, која потоа во согласност со законските рокови ќе биде предадена на чување во Државниот архив – одделение Тетово.

BGV2

Двајцата дискутираа и за можноста за реализирање заеднички проекти и меѓусебна поддршка на институционално ниво во делот на публикувањето и подготвување изложби. Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими на градоначалникот Бесник Емшиу му ги подари најновите изданија на Државниот архив, меѓу кои и Османлиските документи, матични книги на населението од 1831/32 година, во кои се опфатени и населените места од Општина Боговиње.

            Во заклучоците на состанокот, се предвидува остварување нова средба во Државниот архив на која би се прецизирале иницијативите за заедничките проекти.

Најнови објави