ICARUS-28-Poster

Приватните и јавните архиви – главна тема на 28. Конвенција на ИКАРУС

Меѓународниот центар за архивско истражување (ИКАРУС) ја одржа својата 28-ма Конвенција во Париз, која започна на 23 мај и траеше до 25 мај 2022 година. ИКАРУС (ICARUS – International Centre for Archival Research) е меѓународна архивска организација во која се вклучени околу 180 институции, кои работат на заштитата на архивските документи, овозможуваат достапност до овие документи и организираат архивистичко образование. Членовите на ИКАРУС се претежно од Европа, но има претставници и од Канада и САД. Главна тема на оваа Конвенција беа “Приватните и јавните архиви во 21-от век”, а претставник на Државниот архив беше директорот, д-р Емил Крстески. На оваа Конвенција, со која претседаваше д-р Томас Аигнер, претседател на ИКАРУС, особено внимание им се посвети на процесите поврзани со архивистиката како дел од историската наука и нејзиниот развој, како и на интеракцијата меѓу јавните и приватните архиви, нивниот правен статус, заштитата на документите и нивната дигитализација.  Оваа Конвенција е прва од вкупно две на годишно ниво и за првпат од почетокот на пандемијата со Covid-19 сe одржува со можност за физичко учество на настанот, но истата можеше да се следи и on-line.

ICARUS 28 Poster

2

Конвенцијата се одржа во конференцискиот центар – Campus Condorset во Париз  – Aubervilliers, а беше организирана од Institut de Recherche et d’Histoire des Textes (CNRS), со поддршка од Министерството за култура на Франција и Националниот архив на Франција.

3
download
281215197 10160134216821774 4388834964594824637 n

                На Конвенцијата учествуваа 78 претставници од 24 земји, меѓу кои претставници од Белгија, Луксембург, Германија, Австрија, Србија, Хрватска, Романија, Косово, Норвешка, Малта, Естонија, САД, Република Северна Македонија и други. Останатите теми за кои се дискутираше на Конвенцијата, беа пред се теми кои се актуелни во архивистиката, а посебен акцент беше ставен на интеракцијата меѓу јавните и приватните архиви, нивниот правен статус, заштитата на документите и нивната дигитализација.  Посебно интересни беа дискусиите за тоа како социјалните промени во дигиталното време влијаат на архивските структури, истражувачките методи и работењето со историските документи и обратно.  Архивските документи од дигиталното време бараат нови (дигитални) истражувачки методи, а архивскиот материјал има комплетно нов вид на корисници кои немаат специфично образование. Со прилагодувањето на технолошките предности на дигиталното време кон различните потреби на оваа нова публика, посебно може да бидат истражувани, услужувани, активирани и проширувани овие истражувачки заедници. На Конференцијата беа понудени различни пристапи кон тековните проблеми во архивите, но исто така беа презентирани и мноштво на активности на проектите кои ги вклучуваат архивите.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...