IAW-2022-1-1

„9 ЈУНИ“ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА АРХИВИТЕ

6-10 ЈУНИ 2022 ГОДИНА – МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА АРХИВИТЕ

            Meѓународниот ден на архивите го одбележуваат сите архиви и архивисти низ светот почнувајќи од 2009 година во организација на Меѓународниот архивски совет (International Council on Archives – ICA), меѓународна невладина организација, која поттикнува унапредување на архивската дејност и го промовира работењето во архивите и заштитата на светското архивско наследство. Оваа организација е формирана во 1948 година и  има околу 1.400 членови од 199 држави и територии и остварува блиска соработка со Советот на Европа, УНЕСКО и многу други организации. На овој ден, архивските професионалци организираат низа настани преку кои сакаат да го свртат вниманието на јавноста кон значењето на документите и архивите како институции кои ги чуваат и заштитуваат. Меѓу врвните приоритети на архивите во новото време е отвореноста и достапноста не само за историчарите туку за сите граѓани.

IAW 2022 1 1

Meѓународниот ден на архивите со годините прерасна во Меѓународна архивска недела и оваа година се повикуваат професионалците да дискутираат во рамки на вебинарите кои ќе бидат организирани на тема што значи да се биде архивист и што навистина одразуваат архивските записи. Документите содржат раскази за минатото, за сегашноста, а во иднина ќе ни помогнат да разбереме кои сме и што сакаме да бидеме. Генералната тема под која ќе мине четвртата Меѓународната архивска недела е #ArchivesAreYou. Во петте дена посветени на Меѓународната архивска недела #IAW2022, стручни лица од целиот свет ќе се придружат на тематски различните вебинари. Првиот вебинар за членовите на Меѓународниот архивски совет ќе биде на 6 јуни 2022 г., на тема: Нови технологии.

Државниот архив ќе се вклучи во одбележување на Меѓународната архивска недела со промовирање на постигнувањата на институцијата во медиумите, со организирање изложба за животот и делото на познат уметник од Прилеп. Соработката со приватните иматели на архивски материјал се меѓу приоритетите на Државниот архив и во знак на заемна доверба и благодарност ќе бидат доделени благодарници на граѓани кои подарија вредни документи.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...