Во рамките на одбележувањето на Меѓународната архивска недела, во Државниот архив – Одделение Прилеп е отворена изложба за ликот и делото на нашиот познат уметник и педагог Слободан Михајлоски-Данче. Оваа изложба на цртежи и документи е забележана и во каталогот на настани на Меѓународниот архивски совет, со седиште во Париз.
На отворањето на изложбата, за значењето на архивите, за соработката со приватните иматели и за уметникот зборуваа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, и раководителката на одделението во Прилеп, Елена Чагороска.






