Раководителот на Одделението на Државниот архив – Куманово, м-р Вулнет Исени, на покана на Државната агенција на архивите на Косово и Генералната дирекција на архивите на Албанија, учествуваше на VI Меѓународна конференција „Архивот и архивистиката во XX-XXI век“.

На конференцијата, м-р Вулнет Исени се претстави со свој реферат на тема: „Идејно-политичките активности на Сојузот на комунистите на Косово според еден документ од 1983 година“, притоа беше модератор на четвртата сесија од конференцијата. Тој присуствуваше на отворање на изложбите на „Албанска лига на Призрен“ и „Иса Болетини во архивски документи и германски весници“, во Болетин, Општина Митровица.
