293423569_355418030083106_8103529203658358204_n

Сукцесијата на архивскиот материјал од поранешна СФР Југославија еден од приоритетите на Државниот архив

Државниот архив, како институција надлежна за собирање и евидентирање на архивскиот материјал за историјата на државата, соработува со преостанатите државни архиви од државите-сукцесори на поранешна СФРЈ, со цел понатамошна имплементација на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија (потпишана на 29 јуни 2001 година во Виена, а ратификувана 2004 година), кој ги регулира прашањата за сукцесија на архивскиот материјал. За таа цел, д-р Емил Крстески – директор на Државниот архив и официјален претставник за Анексот Д во Заедничкиот комитет за сукцесија на архивите, на 11 јули во Загреб и на 12 јули во Љубљана имаше две одвоени билатерални средби со д-р Динко Чутура, директор на Хрватскиот државен архив, и д-р Бојан Цвелфар, директор на Архивот на Република Словенија, на кои е разговарано за обезбедување услови за редовно одржување состаноци на претставниците од земјите сукцесори за спроведување на Анексот Д и овозможување достапност и користење на архивскиот материјал од сите земји сукцесори, што е во согласност со член 7 од Анексот Д, кој на сите земји сукцесори им гарантира слободен и непречен пристап до заедничкиот архивски материјал од поранешна СФРЈ, што го опфаќа периодот од 1 декември 1918 година до 30 јуни 1991 година и сите државни архиви – сукцесори на СФРЈ да работат на подготовка на заеднички проект за дигитализација на архивскиот материјал од поранешна СФРЈ.

На средбите во Хрватскиот државен архив и Архивот на Република Словенија, покрај за прашањето за сукцесија на „државната архива“ на поранешна Југославија, директорите разговараа и за дигитализацијата на архивскиот материјал, софтверските решенија што се користат притоа и беа разменети искуства од областа на архивското законодавство и начинот на кој е регулирано преземањето на електронските документи од страна на државните архиви. Во Љубљана, д-р Емил Крстески имаше можност да го види објектот кој се реновира и во кој од 2024 година треба да се пресели Архивот на Република Словенија. На работните состаноци во Загреб и во Љубљана учествуваа и м-р Сашо Јанкуловски, државен советник, и Светлана Успрцова, раководител на сектор во Државниот архив.

2 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...