Makedonska-emigracija_Korica1

Историографијата збогатена со ново издание „Македонската емиграција во САД и Канада во југословенската дипломатска кореспонденција (1931 – 1942)“

Зборникот „Македонската емиграција во САД и Канада во југословенската дипломатска кореспонденција (1931 – 1942) од проф. д-р Тодор Чепреганов и проф. д-р Теон Џинго е составен од најголемата колекција на документи што се однесуваат на дејствувањето на македонските емигрантски организации во САД и Канада, низ призмата на југословенската перцепција кон Македонците во тие држави. Тој претставува колекција од 408 дипломатски документи создадени или архивирани од дипломатските претставници на Кралството Југославија во Соединетите Американски Држави и Канада, поточно во југословенската легација во Вашингтон и конзулатите во Монтреал, Њујорк, Детроит и Чикаго.

Makedonska emigracija Korica1

Оваа колекција од кореспонденцијата помеѓу дипломатските претставништва во САД и Канада, министерствата за надворешни и за внатрешни работи на Кралството Југославија,  југословенското дипломатско претставништво во Софија, како и банот на Вардарската Бановина, изобилува со податоци за активностите на македонската емиграција во САД и во Канада, поконкретно за начинот на нејзиното дејствување, организирање, одржување на годишните конгреси и финансирање. Еден дел документи се во вид на извештаи во врска со активностите на македонската емиграција, меѓутоа постојат и документи што сведочат за кореспонденцијата помеѓу југословенските дипломати и Федералното истражно биро (ФБИ).

            Документите се подредени хронолошки според датумот на нивното настанување. Зборникот вклучува научен апарат за настаните и за личностите што се споменуваат во документите. Државниот архив претставува уште едно вредно историографско дело, кое заслужува да се најде во домашните библиотеки на читателите.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...