Државниот архив континуирано ја развива меѓуинституционалната соработка во делот на научната, истражувачката и образовната дејност. Поаѓајќи од тој приоритет, денес беше потпишан Протокол за соработка меѓу директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, и директорката наНародната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, г-ѓа Јелисавета Костадинова.

Двете институции со Протоколот се обврзаа да спроведуваат заеднички програми и проекти од областа на културата, науката и образованието и да организираат семинари, конференции, советувања, промоции и изложби. Д-р Емил Крстески на состанокот потенцираше дека подготвувањето и објавувањето заеднички публикации е значајна новина која се предвидува во интерес на популаризацијата на македонската национална историја.

Протоколот предвидува книжниот фонд со коj располагаат двете институции да им биде целосно достапен на вработените за истражувачки цели при што се предвидува и едукација на библиотечниот кадар во Архивот и менторирање од страна на професионалци од НУБ „Св. Климент Охридски“. Директорите потписници се согласија дека на овој начин даваат позитивен пример за остварување заедничка визија за развој на меѓуинституционалната соработка.