Germanski_dokumenti_Korica-1

Објавен зборникот „Германски документи за месната самозаштита во егејскиот дел на Македонија (1943 – 1944 година)“

Зборникот документи „Германски документи за месната самозаштита во егејскиот дел на Македонија (1943 – 1944 година)“, предговор, вовед, избор и редакција од д-р Роберто Трајковски, опфаќа тема од историографијата која досега е недоволно разработена, односно за неа парцијално се пишувало од неколкумина научници во историографијата. Намерата на редакторот на ова издание кое го поддржа Државниот архив беше да ја запознае научната и поширока читателска јавност со формите на политичка и вооружена колаборација на поединци и групи од егејскиот дел на Македонија со Третиот рајх. Во документација на Вермахтот тие се среќаваат под различни термини, а посебно интересен факт е што припадниците на организацијата ВМРО имале клучна улога при организирањето на тие единици во егејскиот дел на Македонија.

Germanski dokumenti Korica 1

Поместените документи во оваа збирка, претежно потекнуваат од Националните архиви на Соединетите Американски Држави – Вашингтон (U.S National Archives and Records Administration-Washington), Сојузниот архив – Воен архив Фрајбург на Брезгау – Сојузна Република Германија (Bundesarchiv-Militärarchiv Freuburg im Breisgau), Централниот државен архив на Баварија (Bayerisches Hauptstaatsarchiv) и Рускиот државен воен архив (Российский государственный военный архив).  Преведените, редактираните и објаснетите документи во врска со споменатите колаборационистички вооружени формации во егејскиот дел на Македонија ќе пополнат празнина во историографијата и ќе им бидат од голема полза на истражувачите на наведениот период и дејства за време на Втората Светска војна.

Најнови објави