Државниот архив и Универзитетот за информатички науки и технологии ,,Св. Апостол Павле” од Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот, меѓу другото, предвидува размена на искуства во однос на дигитализацијата на историски документи, како и поддршка во однос на информатичкиот систем во Државниот архив и спроведување практична настава на студентите на овој Универзитет во Државниот архив – одделение Охрид.
Овој Меморандум го потпишаа директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и проректорката на Универзитетот, проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска. На свечениот чин присуствуваа и раководителит на Архивот во Охрид, доц. д-р Никола Митровиќ и државниот советник м-р Сашо Јанкуловски.





