Zupanich_Korica_nova_27.07.2022_page-0001

Објавена студијата „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер

Студијата „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер претставува осврт на темата Македонија и Македонците во преодот од 19 и 20 век од страна на антропологот и етногеографот на Словенецот Нико Зупанич (1876-1961). Тоа бил историски период кој следувал непосредно по одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878 година со кои била верификувана политичката самостојност на низа балкански народи, но не и на словенечкиот и македонскиот народ. Авторот на студијата нуди објективизиран пристап кон третманот на македонското прашање од страна на Зупанич, кој тој го направил во оригиналното дело „Македонија и турскиот проблем“ (објавено под псевдоним K. Gersin „Macedonian und das Turkische Problem” (Kratz, Helf & Co., Wien, 1903), издадено во Виена во март 1903 година.

Zupanich Korica nova 27.07.2022 page 0001

Bo него Зупанич прави антрополошки и етнографски анализи при што иднината на Македонија како и на други земји од Балканот ја гледал во една обединета јужнословенска држава. Како формиран научник не пропуштил да ги наведе и апетитите на соседните елити во веќе формираните мали балкански држави и ги евидентирал нивните очекувања за поделба на македонската територија. Меѓу другото, за истражувачите и читателите на ова дело е значајно затоа што ја претставува анализата на Зупанич на етно-културниот супстрат на македонското население на самиот почеток на 20 век. За него тој го употребува терминот „македонски Словени“ или „Словени“, покрај употребата и на терминот „Шопо-Македонци“, кога се осврнува на јазичните (дијалектските) карактеристики на македонското население.

            Државниот архив го поддржа издавањето на оваа студија со кое се заокружува научноистражувачки проект на м-р Виктор Габер со што конечно се расветлуваат неоткриените состојби и настани што влијаеле врз младиот Зупанич да се посвети на развојниот процес на македонското национално чувство.

Најнови објави