2.1

144 години од Македонското (Кресненско) востание

Државниот архив како институција која ја чува националната меморија, настојува да ја запознава пошироката јавност со документацијата што ја поседува за значајни настани од минатото. Македонското Кресненско востание го обележа бурниот 19 век бидејќи неговите предводници и востаници одбивале Македонија да остане османслиска провинција според одлуките на Берлинскиот конгрес. Пред 144 години, на 17 октомври 1878 година здружените востанички и доброволечки чети на чело со свештеникот Стојан Карастоилов, охридскиот митрополит Натанаил Кучевишки и учителот Димитар Поп Георгиев Беровски се огласиле во селото Кресна почнувајќи акции чија крајна цел била извојување македонска држава. Слободната територија која траела до 11 ноември 1878 г., а која била создадена во пиринскиот дел на Македонија, била управувана од Штаб на востанието како највисоко раководно тело и Команда на востаничките сили.

Особено значајно е што Македонскиот востанички комитет го претставувал суверенитетот на востанатиот македонски народ и дипломатски ја афирмирал целта на востанието за придобивање на поддршката на европските Големи сили  за создавање македонска држава. Македонскиот борбен дух за слобода и сопствена држава со задушувањето на востанието не бил покорен. Напротив, Македонското (Кресненското) востание покажало дека водачите на Македонците биле подготвени да се жртвуваат водејќи се од паролата  „Слобода или смрт“.

2.1
Печатот на Главниот штаб на Македонското востание (1878 г.)
4.1
Устројство на Кресненското востание, 1878 г.
5.1
Правила на Македонскиот востанички комитет, 1878
7.1
Митрополитот Натанаил Кучевишки
6.1 1
Димитар Поп Георгиев Беровски
8.1
Кресненската клисура

Најнови објави