15

Архивска едукација за ученици од  ОУ „Братство“ Скопје

Ученици од осмо одделение од ОУ „Братство“ Скопје на 17.11.2022 г., (четврток) го посетија Државниот архив – централен дел, и се запознаа со неговата дејност во рамки на програмата по предметот Историја. Учениците имаа можност да се информираат за средувањето и обработката на документите, за фотографиите како извор за минатото и библиотеката на Архивот која е место каде што тие може да истражуваат и да го користот фондот на книги.

13

Во програмата за архивска едукација спаѓа и набљудувањето на конзервација и реставрација на документите, при што имаа можност да ги осознаат техниките на заштита на документите кои им беа презентирани. Дигитализацијата на архивскиот материјал со помош на современи скенери во Архивот им беше образложена како важен процес во сочувувањето на документите за нивно понатамошно користење.

12 1

Државниот архив останува отворена институција за посети и едукација од страна на училишта со цел да ја афирмира архивската дејност.

14
11

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...