Ученици од осмо одделение со предметниот наставник од ОУ „Дитурија“ – општина Сарај од Скопје, на ден 30.11.2022 година (среда) го посетија Државниот архив – централен дел, и се запознаа со неговата дејност вo рамките на програмата по предметот Историја. Учениците имаа можност да се информираат за средувањето и обработката на документите, за фотографиите како извор за минатото и библиотеката на Архивот, која е место каде што тие може да истражуваат и да го користат фондот на книги. Во програмата за архивска едукација спаѓа и набљудувањето на конзервација и реставрација на документите, при што имаа можност да ги осознаат техниките на заштита на документите кои им беа презентирани. Дигитализацијата на архивскиот материјал со помош на современи скенери во Архивот им беше образложена како важен процес во сочувувањето на документите за нивно понатамошно користење. Државниот архив останува отворена институција за посети и едукација од страна на училишта со цел да ја афирмира архивската дејност.
Новогодишна честитка
Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!