7 март историски ден на првото училиште на албански јазик

Денешниот ден се одбележува во знак на сеќавање на формирањето на првото национално училиште што беше отворено на 7 март во Корча. Со Одлука на Президиумот на Народното собрание на Албанија (бр. 113, од 3 март 1960 година), 7 март е прогласен за Ден на учителот,  ден од политичко и културно значење во историјата на албанското национално образование. Училиштето во Корча е првото секуларно, национално училиште, а пред тоа постоеле училишта со религиозен карактер како православни, католички, муслимански итн. Функционирале над 2.500 државни, приватни и верски јавни училишта во кои наставата се одвивала  на латински, грчки, турски, италијански, австроунгарски и други јазици. Бидејќи учењето на албански јазик се одвивало во тајност се појави потребата од барање на дозвола за отворање на училиштето. Пандели Сотири беше првиот кој побарал дозвола од властите на Отоманската Империја во Истанбул со помош и поддршка на браќата Наим и Сами Фрашери. Први учители на таа школа биле Пандели Сотири, Тома Сина, Тома Аврами и др., додека негови истакнати раководители биле Петро Нини Луараси, Нучи Начи и други. Иако во тешки услови, првото албанско училиште по наставна програма беше модел за училиштата формирани подоцна. Се предаваа предмети: албански јазик и граматика, албанска историја, географија, аритметика, природни науки, музичко образование и потоа и други предмети. Учеа ученици од сите општествени слоеви, религии и од различни албански подрачја. Денот на учителот се одбележува во училишта и универзитети, ден посветен на просветните работници, ученици и студенти и поттикнува  инспирација за идните генерации во однос на подемот на образовниот систем и ценењето на светото дело на наставниците.

Најнови објави