IMG-1b21a609498fca0b6c83ad2045c19b13-V

Научноистражувачки престој во Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија

Во периодот од 12 до 18 март 2023 година, заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, заедно со м-р Климентина Ивановска, раководител на одделение, и м-р Ирфете Ибраими, раководител на одделение, остварија научноистражувачка работа во Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, при што беа истражувани неколку фондови.

IMG 1b21a609498fca0b6c83ad2045c19b13 V

            Во текот на научноистражувачкиот престој е остварена средба со директорот на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, д-р Ардит Бидо, на која беше постигнат договор за оваа јубилејна 110-годишнина од Востанието во Дебар од 1913 година, во зависност од расположливите документи, да се организира заедничка изложба на документи и слики за Дебарското востание, а по можност и издавање заедничка едиција на документи за него. Идејата е прифатена и тие ќе бидат организирани во зависност од документите со кои располага Архивот на Албанија за овој настан.

IMG 48f4953e086b37d601f62d3788d1fff1 V 1

            За истата цел е остварена средба и со директорот на Националниот музеј на Република Албанија, д-р Дориан Кочи, за евентуално доколку располагаат со документација или друг материјал во врска со горенаведениот наслов и музејот прифати, да ни ги отстапи тие материјали.

IMG db1e724279f839bede8925c697b95c63 V

            Во текот на престојот, заменик-директорот проф. д-р Музафер Бислими оствари и засебни средби во други институции, и тоа со директорот на Институтот за историја, д-р Африм Красниќи, со академиците Маренглен Верли, Неритан Цека и Адем Бунгури. Сите документи кои се истражени, се земени во форма на ДВД и тие ќе се предадат на ДАРСМ.

Најнови објави