Државниот архив игра важна улога во зачувувањето на историските записи и нивно ставање на располагање на истражувачите, на научните работници и на пошироката јавност како и во едукација на ученици и студенти од средните училишта и од факултетите.
На 24 март 2023 (петок) учениците од прва и втора година од средното училиште „Јосип Броз Тито“, заедно со предметната професорка по Историја Ирена Трајковска-Стерјовска имаа можност да учествуваат на работилница каде што се запознаа со работата на Државниот архив како и со начинот на средување и обработка на архивскиот материјал. Учениците активно учествуваа на работилницата, анализираа документи заедно со едукаторите од Државниот архив и се стекнаа со вештини и знаења за искористување на овие ресурси, кои ќе ги подготват за кариера во областа на историјата, архивската наука и сродните дисциплини.
Учениците разгледаа дел од издавачката дејност на архивот, и големиот библиотечен фонд, кој им е на располагање доколу имаат потреба во текот на образованието.
Во текот на архивската работилница, учениците им поставуваа прашања на архивските професионалци и изразија задоволство од реализираната работилница, дадоа свои идеи и изразија желба за реализација на следна архивска работилница.