1682579810571

Со изложбата „Стари балкански фотографии“ одбележан 75 годишниот јубилеј од постоење на Историскиот архив во Ниш

Делегација на Државниот архив предводена од директорот, д-р Емил Крстески, на 25 април 2023 г. беше дел од одбележувањето на 75 годишниот јубилел од постоењето на Историскиот архив во Ниш.

Настанот беше одбележан со обраќања на директорката на Историскиот архив на Ниш, Снежана Радовиќ, градоначалничката на градот Ниш, Драгана Сотировски, директорот на Државниот архив на Србија, д-р Мирослав Перишиќ, советничката од Министерството за култура, Алма Ризвановиќ, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, д-р Емил Крстески и директорот на Државната агенција „Архиви“ од Бугарија, Михаил Груев.

Манифестацијата беше отворена со изложбата „Стари балкански фотографии“, резултат на соработката на Државниот архив на Република Сверна Македонија со Државната агенција „Архиви“ од Софија и Историскиот архив на Ниш. Во своето обраќање д-р Емил Крстески, ја истакна соработката на архивските институции, кои како чувари на минатото и светилници на иднината, се најдостоинствените афирматори на значењето на зачуваното културно наследство.

1682579831670
1682589327914

Најнови објави