5

Успешно реализирана обука за ученици-правни техничари

            Државниот архив како општествено одговорна институција на почетокот на оваа учебна година се вклучи во Програмата за спроведување практична обука по предметот „Учење преку работа“ за учениците од IV година од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје.  Денеска, на завршувањето на практичната обука, учениците со предметниот професор и менторите од Државниот архив извршија евалуација на обуката преку која се здобија со знаења за функционирањето на институцијата, канцелариското и архивското работење, интерните акти и процесите на работа. Воедно, на учениците им беа презентирани значајни и ретки архивски документи од историското минато кои се чуваат во депоата.

Државниот архив и во натамошниот период ќе остварува соработка со училиштата во насока на здобивање професионални вештини за учениците од завршните години.

20230512 101341 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...