18

    Архивска едукација за ученици од СУГС „САРАЈ“ – Скопје

Државниот архив континуирано ја афирмира архивската дејност и значењето на архивските институции во општеството. Архивскиот едукатор и долгогодишен архивист, Назмије Куртиш, со други вработени развиваат и планираат едукативни програми со приспособени презентации со цел да го привлечат вниманието на учениците кон архивистиката и историјата како нивен потенцијален избор за натамошното образование. На 18 мај 2023 година (четврток), ученици од СУГС „САРАЈ“ – Скопје, извршија  посета на Државниот архив – централен дел со предметниот професор по предметот Право, Блерим Ковачи. Во рамки на посетата на учениците им беше презентирана важноста на документите, постапката за средување и обработка на архивски материјал, работата со истражувачи и корисници. Дел од богатиот фонд на стручна литература кој го има Државниот архив и начинот на пребарување на насловите на книги беа дел од содржините со кои учениците беа запознаени.

4 1
8

Во Одделението за средување и обработка на архивски материјал – османлиски период имаа можност да ги разгледаат изложените ретки документи и книги на османотурски јазик. Посебен интерес учениците покажаа за презентацијата во Одделението за конзервација и реставрација на архивски материјал и во Секторот за информатичка технологија и дигитализација на архивски материјал набљудувајќи ги методите на лекување и заштита на документите со помош на врвна технологија.

18
16

Заменик-директорот, проф. д-р Музафер Бислими ги поздрави учениците напоменувајќи им ја улогата на архивите во современите општества и отвори дискусија за сите прашања кои ги имаат. На крајот од посетата, на учениците им беа поделени анонимни анкетни прашалници за оценување на презентацијата при што беше високо оценета и изразија мотивираност во иднина да студираат историја и архивистика.

14
11

Најнови објави