IMG-2748d7efb52239c4ab2475ca71d2053a-V

Изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се повтори!“ поставена во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар

Со изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се повтори!“, посветена на македонските Евреи, која на 5 јуни 2023 г. беше поставена во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, Државниот архив се приклучи кон одбележувањето на Меѓународната архивска недела. 

Во своите говори, директорот на Домот на културата, г. Славче Велјановски, градоначалникот на Општина Демир Хисар г. Никола Најдовски, и раководителот на архивското одделение во Битола, г. Гоце Стојановски, ја потенцираа важноста на соработката со Државниот архив како институција која е најголем и најзначаен трезор на оригинална документација посветена на националната историја, општествено-политичките процеси, настани и личности за нашата држава.

Изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се повтори!“ ќе биде отворена до 19 јуни 2023 г.

Најнови објави