1-4

Промовирано „Историското катче“ на Државниот архив во велешката библиотека

Државниот архив во интерес на научно-истражувачката и едукативната дејност континуирано ја проширува меѓуинституционалната соработка преку склучување Меморандуми и реализирање на бројни проекти со други институции од државата. Во тој контекст, раководителот на Одделението на Државниот архив-Велес, м-р Наумче Ризоски и директорката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Снежана Бошевска потпишаа Меморандум за соработка во просториите на библиотеката.

            На самиот настан беше промовирано „Историското катче“ во библиотеката преку кое ќе се промовираат публикациите на Архивот и ќе бидат наменети за користење од страна на членовите на библиотеката, учениците, студентите и сите заинтересирани граѓани. Историското катче постојано ќе се надополнува со нови архивиски публикации од областа на историјата и архивистиката.

3
2 4

Најнови објави

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите

Дознај повеќе...