По повод 24 јуни – Денот на балканските Еѓипќани, во Државниот архив – одделение Охрид, првпат се предава и се собира документација поврзана со историјата и животот на Еѓипќаните на Балканот. Овој чин треба да биде мотив тоа да се случи и во другите балкански земји. Раководителот на Архивот во Охрид, д-р Никола Митровиќ, од името на Државниот архив му изрази голема благодарност на д-р Рубин Земон за ангажманот и за историската документација што е предадена во Државниот архив, која ќе остане засекогаш зачувана за идните генерации и ќе претставува неизблишлива трага за постоењето на Еѓипќаните на овие простори.
Државниот архив дел од работата на Архивскиот комитет на НАТО
Во седиштето на НАТО во Брисел е во тек есенската сесија на Архивскиот комитет на