Благодарница

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО НАШАТА ДИЈАСПОРА

Државниот архив повеќе години соработува со нашата дијаспора и ја збогатува документацијата за функционирањето на клубовите во САД, Канада, Австралија и други земји. На првиот симпозиум на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), одржан на 21 јули 2023 година во Скопје, Државниот архив доби и Благодарница за своето учество во програмата ,,Родум од Македонија”. Со тоа Државниот архив се вброи во редот на општествените институции кои што придонесуваат за поврзување на дијаспората со матичната држава.

,,Државниот архив и натаму останува отворен за соработка со нашата дијаспора, но и отворен за нивно практиканство, особено на младите генерации, кои се интересираат и го проучуваат нашето минато, нашата историја, култура и традиција’ – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Таков пример беше практиканството на Викторија Поповска, апсолвентка на студии по новинарство на Бостон Универзитетот од САД која три недели го посетуваше Државниот архив при што имаше можност да ги запознае институционалното функционирање и архивската дејност.

1

Најнови објави