Државниот архив за квалитетно остварување на своите стратешки цели го поддржува стручното унапредување и оспособување на вработените преку организирање обуки со кои се развиваат професионалните капацитети. Поаѓајќи од оваа заложба, на 30 и 31 октомври 2023 г., во Берово, беше реализирана специјализирана обука за стручно усовршување на инспекторите од Државниот архив и неговите одделенија. Обуката беше реализирана од искусен предавач од Државниот управен инспекторат, генерален инспектор Елена Кареска, на покана на Државниот архив.
На обуката покрај инспекторите за архивски материјал, зедоа учество д-р Благоја Гешоски, член од Инспекцискиот совет и надлежен за државна управа, како и државниот советник за правни работи од Државниот архив, м-р Сашо Јанкуловски, со кои беше дискутирано и разменето мислења во врска со темата ,,Примена на прекршочните одредби во Законот за архивски материјал“ и усогласувањето на материјалниот закон со одредбите од Законот за прекршоци и Законот за инспекциски надзор.