Посета нa ученици од основното училиштe „Раметула Амети”-Тетово

На 7 ноември 2023  година, Државниот архив на Република Северна Македонија го посетија  група ученици од деветто одделение, од основното училиште „Раметула Амети“ од село Чифлик-Желино, Тетово, придружени од предметниот професор по Историја, Нагип Велија.  Посетата беше дел од наставната програма по Историја и имаше за цел запознавање со државните институции. Презентацијата почна од работната просторија во Секторот за средување и обработка на архивски материјал, каде што учениците имаа можност да се запознаат со улогата и значењето на Државниот архив како и со архивската дејност. Учениците се запознаа со работните процеси при средувањето и обработката на документите, се запознаа и со методот на истражување со посета на библиотеката и читалницата, со османлискиот период со разгледување документи од тој период како и со Одделението за конзервација, објаснувајќи ја важноста за заштитата на документите за да се обезбеди нивна долговечност. Посетата заврши со разгледување на документите и публикациите изложени во архивските простории.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...