2

Работна средба Најданов – Унал: Македонско-турската архивска соработка добива нови димензии

Државниот архив дава посебно значење на континуираното унапредување на меѓународната соработка со архивите од другите држави со кои и досега развива плодна соработка во интерес на архивската дејност и стандардите кои ги поставува Меѓународниот архивски совет.

Поаѓајќи од ова начело, денес во работна посета на Државниот архив беше генералниот директор на Директоратот на државните архиви при Претседателството на Република Турција, проф. д-р Угур Унал придружуван од Џунејт Талха Озиурек, трет секретар во Амбасадата на Република Турција во Скопје. На работната средба меѓу директорот на Државниот архив, м-р Христа Најданов како домаќин и проф. д-р Угур Унал беше констатирано дека изминатиот повеќегодишен период е успешен во поглед на заедничката соработка и големата поддршка која Директоратот на Државните архиви му ја дава на Државниот архив во повеќе насоки. Меѓу другото, м-р Христа Најданов и проф. д-р Угур Унал дискутираа и за заедничкиот проект изложба, која ќе содржи ексклузивен архивски материјал од двата архива, а ќе се однесува на историјата на османлиска Македонија. Работни групи составени од архивски професионалци веќе подолго време ја подготвуваат изложбата, која треба да биде промовирана во Истанбул и Скопје во втората половина на тековната година при што за изложбата ќе се испечати и посебно издание. На работната средба се донесе заклучок дека проект ќе биде уште еден значаен резултат кој ќе го обележи и онака силното дејствување на архивските институции од Република Северна Македонија и Република Турција за промоција на заедничкото културно-историско наследство.

  Присутните на средбата иницираа и нови идеи кои се прифатливи за двете страни при што проф. д-р Угур Унал уште еднаш ја потврди заложбата за пренесување на искуствата од работата и почнување нови проекти во иднина.
            Проф. д-р Угур Унал во рамките на посетата на Државниот ги посети лабораторијата за конзервација и реставрација на архивски материјал, читалницата наменета за истражувачи и Одделението за средување и обработка на архивски материјал -Османлиски период, кое беше опремено со поддршка на Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Претходниот ден, турската делегација и претставници на Амбасадата на Република Турција го посетија Одделението на Државниот архив во Велес. На проф. д-р Угур Унал од страна на раководителката, д-р Јасмина Дамјановска му беше презентирата архивската дејност во Одделението и му беа претставени документи на османотурски јазик кои се дел од фондот „Турски документи 1873 – 1910 г.”, како и други документи и книги кои Одделението на Државниот архив во Велес во текот на своето досегашно постоење ги има зачувано.  

1
3
4
5
6
7
8
9

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...