1

Заменик-директорот на Државниот архив оствари научноистражувачки престој во Тирана

Заменик-директорот на Државниот архив, проф. д-р Музафер Бислими, од 3 март до 9 март 2024 година оствари научноистражувачки престој на Генералната дирекција на архивите на Република Албанија во Тирана. Овој истражувачки потфат се реализира веќе неколку години со цел да се истражи што повеќе архивска документација која се однесува на историјата на Македонија и да се збогатат некои од фондовите кои ги поседува Државниот архив.

2

Врз основа на постојните договори меѓу двата архива, Државниот архив ќе добие бесплатни копии од документи во дигитална форма, кои во иднина ќе им користат на домашните и странските истражувачи. Тие документи потекнуваат од архивските фондови со кои располага Генералната дирекција на архивите на Република Албанија, како „Колекција на сиџили од Битолски Вилает“, „Претседателство  на привремената влада во Валона“, „Министерство за внатрешни работи“, „Министерство за војна“ и др.

            Дел од истражувачкиот тим беа м-р Ирфете Ибраими и м-р Климентина Ивановска како искусни архивски професионалци.

3

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...