IMG-762d17d2f322488559106ec52eb22402-V

Потпишан Меморандум за соработка со Институтот за национална историја

Денес во Државниот архив беше потпишан Меморандум за соработка меѓу директорот на Државниот архив, м-р Христа Најданов, и директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, со кој заедничката соработка ќе се прошири во иднина.
Меморандумот беше долгогодишна потреба на вработените од двете сродни институции, а склучувањето е во прилог на постигањата на македонската историска наука. Со Меморандумот се предвидуваат заеднички научноистражувачки активности во странство на професионалци од Државниот архив и Институтот за национална историја, организирање заеднички конференции и проекти, стручно усовршување, меѓусебна поддршка во процесот на дигитализација на архивскиот материјал и многу други новитети. На почетокот од секоја година, двете институции ќе ги одредуваат приоритетите и координирано ќе ги изработуваат годишните програми за работа.
           Директорите по чинот на потпишувањето истакнаа дека зајакнувањето на научната и истражувачка дејност е можно само со обединување на ресурсите и капацитетите во полза на националната историја.

IMG 762d17d2f322488559106ec52eb22402 V

Најнови објави