Државниот архив, Националната и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ и Музејот на современа уметност заеднички се вклучуваат во проектот „Едукација на стручни лица од областа на заштитата на културното наследство во апликација на модерни технологии и техники за заштита на материјали на хартија“ финансиран од Taiex инструментот (Technical assistance instrument exchange instrument) на Европската комисија.
За таа цел денес беше потпишан Меморандум за соработка во НУБ „Свети Климент Охридски“ од страна на трите директори на институциите со кој се предвидуваат низа активности за реализација на проектот, чиј координатор е НУБ „Св. Климент Охридски“. Државниот архив и Музејот на современа уметност се соработници во проектот, чии вработени-стручни лица ќе учествуваат во активностите.
Заемната размена на информации, знаења и искуства од областа на заедничкиот интерес со други институции останува еден од приоритетите на Државниот архив и во иднина.