foto

73 години постоење на Државниот архив          1 април – Ден на архивистите

Годинава се одбележуваат 73 години постоење на Државниот архив, институција која е тесно поврзана со нашата државност и има извонредно значајна улога за зачувувањето на колективната меморија. Седумдецениската историја на постоење на Државниот архив е историја на развој на архивската дејност и создавањето кадри – архивисти кои оставиле траен белег во имиџот на нашата институција. На 23 јануари во далечната 1950 година е донесен првиот Општ закон за државните архиви на ниво на југословенската федерација а на 6 јануари 1951 година Народното собрание на НР Македонија го донело Законот за државните архиви. На таа основа, на 1 април 1951 година е формиран Државниот архив на НР Македонија при што до денес неколку пати го менува името (од 1965 година го носи името Архив на Македонија, од 2000 година – Државен архив на Република Македонија, а од 2019 година  Државен архив на Република Северна Македонија).

објект на Архивот

Во 1969 година бил изграден и првиот наменски објект на Архивот на Македонија

               

Од 1951 до 1962 година во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Тетово биле отворени Одделенија на Архивот кои територијално покриваат одредена област со своите надлежности. Во сиот изминат период Државниот архив постигнал огромни успеси во интегрирањето во меѓународни архивски организации, а во својата развојна визија за иднината го има приоритетот за дигитализација на архивската документација за негова поголема заштита и достапност до научната јавност и сите заинтересирани граѓани. Во последните години, Архивот и вработените професионалци се дел од програми за архивска едукација преку кои се вложуваат во создавањето идни кадри – архивисти.

директор

Првиот директор на Државниот архив

Раководството на Државниот архив им оддава почит и искажува неизмерна благодарност до вработените кои работеле и работат во Државниот архив за нивната посветеност во афирмацијата и зачувувањето на документарното наследство.

Нека ни е честит денот на Државниот архив и на архивистите!

foto 1

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...