Во седиштето на НАТО во Брисел, се одржува состанок на Архивскиот комитет на Алијансата, на кој присуствува и делегација од Државниот архив. М-р Христа Најданов, директор на Државниот архив, заедно со претставниците од останатите земји членки на НАТО, на овој настан имаше можност да дискутира за процедурите за класификација, декласификација и достапност на архивските документи произлезени од активностите на Алијансата. Главниот акцент на оваа сесија на Архивскиот комитет на НАТО беше ставен на заштитата на личните податоци, дигитализацијата и метаподатоците, како и новите технологии и вештачката интелигенција.
За време на состанокот, м-р Христа Најданов, оствари средба и со амбасадорот на Република Северна Македонија во НАТО, д-р Дане Талески.