IMG-31035fad911d6e01b547f689a6dd0114-V

Соработка со FamilySearch International

Директорката на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова, на 13 септември оствари работна средба со г. Џонатан Меколом, директор на FamilySearch International, надлежен за активностите на оваа организација на територијата на Европа и Блискиот Исток.

FamilySearch International е генеалошка организација, со седиште во Солт Лејк Сити, Јута – САД, посветена на собирање, чување и споделување на документи од цел свет, кои се однесуваат на семејната историја.

На средбата беа разгледани можностите за добивање на поддршка за Државниот архив од страна на FamilySearch, пред се во процесот на дигитализацијата на архивските документи поврзани со семејната историја.

IMG 31035fad911d6e01b547f689a6dd0114 V

Најнови објави