Дигитални Збирки

Фермани

Османлискиот период беше континуиран и комплексен процес за целиот Балкански Полуостров, кој почна кон крајот на XIV, а заврши во почетокот на XX век. Долговековното османлиско владеење ја диктираше и ја оформуваше историјата на регионот во текот на неколку векови. Притоа, османлиската традиција остави огромно и богато наследство во повеќе сфери од животот, особено во културната, социјално-економската и демографската сфера. Генерации историчари, архитекти, историчари на уметноста, писатели и други интелектуалци го проучуваат тоа наследство како историски континуитет на минатото. Еден од најбогатите и најзначајни сегменти на османлиското наследство во Македонија е наследството во областа на архивскиот материјал. Државниот архив на Република Македонија располага со една од најбогатите збирки на оригинални османлиски документи на Балканот, од првостепено значење.

Збирката опфаќа 80 фермани – султански наредби за периодот од 1056 до 1332 година (1646/1859).

Линк до збирката.

Апокрифен зборник

Во Државниот архив на Република Северна Македонија зачуван е еден мошне интересен и стар необјавен ракопис – апокрифен зборник, во кој е застапен апокрифниот состав за Афродитијан Персијанец.

Текстот ја дава апокрифната историја за настанатото чудо во Персија и за раѓањето на Исус Христос, во чија основа влегува библискиот расказ за раѓањето на Спасителот.

Апокрифите за Христовото раѓање со сите придружни моменти биле омилена литература на луѓето низ повеќе векови, се до XIX-от век. За тоа зборуваат многу бројните епизоди и мотиви што преминале од апокрифите во народното творештво на сите словенски народи.

Линк до зборникот.

Право на Користење

Без дозвола од Државниот архив на Република Македонија не е дозволена репродукција на архивските материјали, освен во случај за лична употреба.

voden zig1