NOVOto-LOGO

Meeting of the Director of the State Archives of the Republic of Macedonia with the Director of the Archives of the Federation of Bosnia and Herzegovina

На 19 ноември 2015 година во Скопје, д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, оствари средба со г-дин Адамир Јерковиќ, директор на Архивот на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Средбата беше реализирана во просториите на Државниот архив во Република Македонија, а на истата се разговараше за соработката меѓу двата архива, која во иднина ќе биде регулирана со потпишување на договор за соработка.

Соработката меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе биде реализирана преку размена на архивски специјалисти, размена на публикации и изложби и заеднички активности во рамките на меѓународните архивски организации.

На средбата двајцата директори разменија информации од областа на архивското работење и организациската поставеност на нивните институции и истакнаа дека меѓусебно ќе се поддржуваат во нивните активности во рамките на меѓународните архивски асоцијации.

Latest posts

New Year’s greeting

Државниот архив на своите вработени, соработници и на сите граѓани им ја честита Новата година!

Find out more...