Фондови и Збирки

(Класификациска шема)

А. АРХИВСКИ ФОНДОВИ НА ДРЖАВНИ ОРГАНИ, УСТАНОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА, ОРГАНИЗАЦИИ И ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ

1. УПРАВА И ЈАВНИ СЛУЖБИ

  • 1.2. Архивски фондови до 1918.
  • 1.3. Архивски фондови 1918-1941.
  • 1.4. Архивски фондови 1941-1944.
  • 1.4.1. Народноослободителни органи
  • 1.4.2. Окупаторски и квислиншки органи
  • 1.5. Архивски фондови по 1944.
  • 1.6. Локална самоуправа

Внатре во овие периоди, фондовите се наведуваат по редослед на нивните територијални и вистински надлежности /од повисоки кон пониски/. Архивските фондови од ист ранг, се наведуваат по азбучен редослед на место-седиштето на фондообразователот.

2. ПРАВОСУДСТВО

  • 2.1. Период до 1944
  • 2.2. Период по 1944

Внатре во овие периоди, нивниот редослед е одреден по ранг, а во рамките на еднаков ранг – по азбучен редослед на називите на место-седиштето на фондообразователот.

3. ВОЕНИ ЕДИНИЦИ, УСТАНОВИ И ОРГАНИЗАЦИИ

  • 3.1. Период до 1944
  • 3.2. Период по 1944
  • 3.2.1. Народноослободителни единици, установи и организации
  • 3.2.2. Окупаторски единици, установи и организации.

Внатре во периодите /и подгрупите/ редоследот е одреден по ранг, односно според организациона структура на војската.

4. ПРОСВЕТНИ, КУЛТУРНИ И НАУЧНИ УСТАНОВИ ОРГАНИЗАЦИИ

  • 4.1. Просветни установи и организации
  • 4.2. Културни установи и организации
  • 4.3. Научни установи и организации

Внатре во подгрупите, редоследот на архивските фондови е одреден спрема видовите на установите и рангот, а во рамките на рангот – по азбучен редослед на називите на место-седиштата на фондообразователите.

5. СОЦИЈАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

  • 5.1. Социјални установи
  • 5.2. Здравствени установи

Внатре во подгрупите, редоследот и архивските фондови е одреден спрема видовите на установите и рангот, а во рамките на еднаков ранг – по азбучен редослед на називите на место-седиштето на фондообразователите.

6. СТОПАНСТВО И БАНКАРСТВО

  • 6.1. Период до 1944
  • 6.1.1. Банки и парични заводи
  • 6.1.2. Стопански здруженија
  • 6.1.3. Стопански претпријатија
  • 6.1.3.1. Индустрија и рударство
  • 6.1.3.2. Земјоделие и шумарство
  • 6.1.3.3. Трговија, угостителство и туризам
  • 6.1.3.4. Сообраќај
  • 6.1.3.5. Останати
  • 6.1.4. Занаетчиство
  • 6.1.5. Задруги
  • 6.1.6. Останато

 

  • 6.2. Период по 1944
  • 6.2.1. Банки и парични заводи
  • 6.2.2. Стопански здруженија
  • 6.2.3. Стопански претпријатија
  • 6.2.3.1. Индустрија и рударство
  • 6.2.3.2. Земјоделие и шумарство
  • 6.2.3.3. Трговија, угостителство и туризам
  • 6.2.3.4. Сообраќај
  • 6.2.3.5. Останати
  • 6.2.4. Занаетчиство
  • 6.2.5. Задруги
  • 6.2.6. Останато

Внатре во групите и подгрупите, редоследот на архивските фондови е одреден по азбучен редослед на називите на место-седиштата на фондообразователите.

7. ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИИ, ДРУШТВА И ЗДРУЖЕНИЈА

  • 7.1. Политички и општествено-политички организации
  • 7.1.1. Напредни политички и општествено-политички организации
  • 7.1.2. Граѓански и други
  • 7.2. Сталешки корпорации
  • 7.3. Хуманитарни друштва
  • 7.4. Културно-просветни друштва
  • 7.5. Уметнички друштва и здруженија
  • 7.6. Спортски друштва и здруженија
  • 7.7. Останато
  • 7.8. Невладини организации

Редоследот на архивските фондови внатре во подгрупите е одреден по видови и ранг, а потоа по азбучен редослед на називите на место-седиштата на фондообразователите.

8. ВЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

  • 8.1. Источно православна црква
  • 8.1.1. Грчка црква во Македонија
  • 8.1.2. Бугарска егзархија во Македонија
  • 8.1.3. Српска православна црква во Македонија
  • 8.1.4. Македонска православна црква
  • 8.2. Исламска верска заедница во Македонија
  • 8.3. Евангелистичко-методистичка црква.

Во рамките на подгрупите, редоследот на архивските фондови е одреден спрема рангот, а во рамките на истиот ранг – по азбучен редослед на називите на место-седиштата на фондообразователите.

9. ОСТАНАТО

Б. СЕМЕЈНИ И ЛИЧНИ ФОНДОВИ

  • 1. Семејни фондови
  • 2. Лични фондови

Архивските фондови се наведени по азбучен редослед на презимињата на фондообразователите на семејните и лични фондови.

В. ЗБИРКИ

Г. КСЕРОКСКОПИРАНА АРХИВСКА ГРАЃА ОД СТРАНСКА ПРОВЕНИЕНЦИЈА

ОБЈАСНУВАЊА И ТОЛКУВАЧ НА ЗНАЦИТЕ И КРАТЕНКИТЕ

Водичот на архивските фондови и збирки дава основни податоци за архивите и за архивските фондови кои во нив се чуваат.

Податоците за архивските фондови и збирки, дадени се за секој архив посебно.

Пред наведување на податоци за архивските фондови и збирки на еден архив, дадена е кратка белешка, која по правило, содржи основни податоци за Архивот (назив и адреса, време на оснивањето и неговиот развиток, организациона структура, територијална и стварна надлежност, можност за давање на технички услуги, читална, работно време и сл.), потоа за бројот на архивските фондови и збирки и за општата карактеристика на архивската граѓа, за информативните средства, каталозите и сл.

Податоците кои се даваат за секој архивски фонд се состојат од седум елементи:

  • 1. Реден број на архивскиот фонд или збирка;
  • 2. Назив на архивскиот фонд или збирка;
  • 3. Место седиште на фондообразователот (имател на фондот);
  • 4. Распон на годините на постоењето на фондообразователот;
  • 5. Распон на годините на граѓата на архивскиот фонд или збирка;
  • 6. Количество на архивската граѓа;
  • 7. Среденост на архивскиот фонд или збирка (информативни средства).

Кај семејните и личните фондови и збирки, некои од овие елементи не се застапени (под бр. 3 и 4).

Податоците за сите архивски фондови и збирки, содржински и графички се оформени според единствени правила.

1. Реден број на архивскиот фонд или збирка

Сите архивски фондови и збирки, во рамките на еден архив нумерирани се со непрекината низа на арапски броеви, почнувајќи од број 1.

Заедно со арапскиот број кој го означува Државниот архив на Република Македонија – Одделението (бројки од 1 до 10) или, и редниот број на архивскиот фонд и збирка, во индексите е употребен како сигнатура за пронаоѓање на бараниот архивски фонд или збирка во Водичот на пример 2.135 = (2. Историски архив Битола, архивски фонд под бр. 135) или 2.616 (2. Архив на Македонија, Подрачно одделение – Битола, архивски фонд под број 616) итн.

2. Назив на архивски фонд или збирка

За назив на архивски фонд, земен е последниот назив на фондообразователот (имателот). Во случај кога архивскиот фонд е познат по некој поранешен назив, даден е и тој назив.

Називите на архивските фондови, независно од тоа дали оригиналниот назив бил на некој друг јазик, дадени се на македонски јазик со големи букви:

  • ОПШТИНСКА УПРАВА – РАДОВИШ

За скратување на текстот при наведување на истородни фондови, тие се наведуваат под заеднички назив, со курзивни букви, (СЕЛСКИ РАБОТНИ ЗАДРУГИ). Под заедничкиот назив е наведен само оној дел од називот на архивскиот фонд кој не е опфатен со заедничкиот назив, како и место – седиштето на фондообразователот. Секој фонд се наведува во нов ред:

  • СЕЛСКИ РАБОТНИ ЗАДРУГИ
  • „СТОЈАН МИНЧЕВ“ – АЛИНЦИ
  • „ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ“ – БЕЛЧЕ
  • „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“ – ВАШАРЕЈЦА…

3. Место - седиште на фондообразователот

Место-седиштето на фондообразователот, независно од поранешните називи, се наведува во сегашниот назив, на макеоднски јазик. Називот на местото е напишан со големи букви, а од називот на архивскиот фонд е одвоен со цртичка:

  • ОПШТИНСКИ НАРОДЕН ОДБОР – ВИНИЦА

4. Распон на години на постоење на фондообразователот

Распонот на години на постоење на фондообразователот е наведен во заграда, по називот и место – седиштето на фондообразователот:

  • НАРОДЕН ОДБОР НА ОПШТИНА – БУКОВО (1952-1955)

Ако фондообразователот уште постои и делува завршната година на неговото постоење не се прикажува:

    • СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ (1962 –    )

Во случај кога годините на постоењето не се со сигурност установени, на место година се става прашалник (? – 1957) или (1947 – ?)

По распонот на годините на постоење на фондообразователот, се ставаа интерпункциски знак точка и запирка.

5. Распон на годините на архивската граѓа на фондот или збирката

Податокот за распон на годините на архивската граѓа на архивскиот фонд или збирка се наведува по податокот за распон на годините на фондообразователот:

  • НАРОДЕН ОДБОР НА БИТОЛСКА ОКОЛИЈА-БИТОЛА (1944-1965); 1944-1965;

Нецелосната сочуваност на граѓа на архивски фонд се изразува на следниот начин:

– Кога недостасуваат почетни или завршни години на граѓа на архивскиот фонд:

  • ФИНАНСИСКА УПРАВА – ПРИЛЕП (1869-1912); 1882-1910

– Кога недостасуваат одделни години во рамките на распонот на годините:

  • СЕЛСКА РАБОТНА ЗАДРУГА – ДИМОНЦЕ (1949-1953; 1949, 1951/1953

– Кога архивската граѓа на фондот не е потполно сочувана:

  • СТРАЖЕН СУД – ТЕТОВО (1941-1944); 1942/1944;

За семејни и лични архивски фондови, се наведува само распонот на годините на граѓата.

  • ВЛАХОВ ДИМИТАР 1908-1950;

Кај архивските збирки во распонот на годините на граѓата, се наведува периодот кога граѓата настанала или периодот на кој таа се однесува, а не периодот кога е формирана збирката:

  • ЗБИРКА ФЕРМАНИ: 1646-1859;

По податокот за распон на граничните години на граѓата на архивскиот фонд или збирка, се става интерпункциски знак „две точки“.

6. Количина на архивска граѓа

Податоците за количеството на архивска граѓа се наведуваат по податоците за распонот на годините на граѓата на архивскиот фонд или збирка. Количеството се изразува со број на книги, кутии, папки и пакети:

  • кн. – книга
  • кут. – кутија

Помеѓу податокот за бројот на одделните технички заштитни единици, се става интерпункциски знак „запирка“, а на крајот „точка и запирка“.

  • ОКОЛИСКА УПРАВА – ГАЛИЧНИК (1915-1918); 1915-1918: кн. 3, кут. 6;

Под податокот за бројот на техничките заштитни единици, се наведува и податокот за количеството на граѓа, изразен во должински метри. По овој податок се става интерпункциски знак „точка“:

  • ОПШТИНСКА УПРАВА-ТРЕСОНЧЕ (1915-1918); 1915/1918: кн. 3, кут. 1; 0,2.

Податоците за количеството на граѓа во архивските збирки се даваат во такви единици мерки, кои одговараат на специфичните видови на граѓата во збирките:

  • ЗБИРКА ГЕОГРАФСКИ КАРТИ, 1023 карти

7. Среденост на архивски фонд или збирка (информативни средства)

Во случај кога архивскиот фонд или збирка е во несредена состојба и не може да се користи за научни и други потреби, се наведува констатацијата „несреден“, односно „несредена“:

  • ОПШТИНСКА УПРАВА – Скопје (1869-1912); 1869-1912; кн. 59, кут. 43; 6,1. Несреден.

Меѓутоа, доколку граѓата на архивскиот фонд или збирка е до одредена мерка средена и може да се користи, се наведуваат податоци за средените делови од фондовите – збирките.

За средени и обработени архивски фондови и збирки, за кои во Државниот архив на Република Македонија се изработени научно-информатив и средства (и евиденции кои можат да послужат како извор на информации за граѓата), се даваат податоци за тие средства. Податоците се состојат од назив на научно-информативното средство. Најчесто застапените евидентни и научно-информативни средства, наместо нивните целосни називи, се прикажани со следните кратенки:

  • СИ – сумарен инвентар
  • АИ – аналитички инвентар
  • а.е. – архивски единици
  • НИС – научно-информативно средство изразено во број на отчукани страници

Содржинските информации кои ќе се прикажуваат за фондовите, покрај гореспоменатите кратенки, ќе се однесуваат на историски белешки, регистри, списоци, информации, анализи, прегледи и сл. по разни теми.

Ако за еден архивски фонд се изработени повеќе видови на информативни средства, помеѓу нив се става интерпункциски знак „точка и запирка“:

  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРГОВИЈА И СНАБДУВАЊЕ – СКОПЈЕ – (1945-1951); 1945-1951: кн. 90, кут. 161, 17,9, СИ; Р.
  • КОСТУРСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН РЕОН – КОСТУР (- 1908); 1900/1903: кут. 1; 0,1. АИ.

Податоците за среденоста на фондот и за научно-информативните средства, се приклучуваат по податокот за количеството на архивската граѓа.

8. Структура на Водичот на архивските фондови и збирки

Водичот на архивските фондови и збирки на Државниот архив на Република Македонија има четири делови:

  • А. архивски фондови /освен семејните и личните/
  • Б. семејни и лични фондови и
  • В. збирки
  • Г. ксерокскопирана архивска граѓа истражена во странство

Архивските фондови и збирки, се групирани според гранка на дејност, групи и подгрупи и периоди, а во согласност со „Класификациона шема“, која служи како основ за распределување на архивските фондови.

„Класификационата шема“ е од структурно-хијерархиски тип, со примена на децимален систем. Се состои од:

  • а) назив на гранката на дејност, групата и подгрупата во гранките и периодот;
  • б) ознаки со букви и бројки (симболи) со кои овие називи континуирано се претставени.