ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Основна цел на Државниот архив на Република Северна Македонија е архивскиот материјал што го чува да го стави на располагање на јавноста.
Архивскиот материјал со кој располага Државниот архив е достапен за користење и тој може да се користи за потребите на научните истражувачи, на имателите на архивскиот материјал и за потребите на граѓаните на Република Северна Македонија.
Корисниците можат да го користат архивскиот и библиотечниот материјал само во Читалната на Архивот. Истата е отворена секој работен ден од 09 до 14 часот.
За подобро информирање Ви препорачуваме да користите научно-информативни средства за архивските фондови и архивскиот материјал со кои располага Државниот архив на Република Северна Македонија. Такви информативни средства се:
- Водич низ архивските фондови и збирки на Државниот архив на Република Северна Македонија;
- Научно-информативни средства за одделни архивски фондови и збирки (аналитички инвентари, регести, водичи за микрофилмуван архивски материјал и сл.).
ИЗДАВАЊЕ УВЕРЕНИJA ОД ИМОТНО-ПРАВЕН КАРАКТЕР
ОПИС НА УСЛУГАТА
Државниот архив на Република Северна Македонија е управна организација која работи по Законот за архивски материјал граѓа (Сл. Весник бр. 95 од 26.07.2012 год.) и е депо на целокупната создадена документација на државните органи, претпријатија и други правни и физички лица.
Заради големиот интерес што го предизвика носењето на Законот за денационализација (Сл. Весник на РМ бр. 43/2000), кој овозможи граѓаните да си го повратат некогаш одземениот имот, а за потребите на Република Северна Македонија, издава извадоци од актите за експропријација, копии од парцелациони списоци за аграрна реформа, извадоци од решенија за одземање градежно – неизградено земјиште, решенија а национализација за сточен фонд, решенија за национализација на големи претпријатија, извод од таписки книги, изводи од заверени купопродажни договори, копии од градежни дозволи и др.
ВИДОВИ ДОКУМЕНТИ КОИ ГИ ИЗДАВА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
- Уверенија
- Заверени копии од оригинална документација
ШТО Е УВЕРЕНИЕ?
Уверение, согласно Законот за општа управна постапка е секој пишан документ, со кој се потврдува одреден факт кој е од битно влијание за остварување на некое право или обврска на граѓаните или правните лица
ШТО Е ЗАВЕРЕНА КОПИЈА?
Заверена копија од оригинална документација е репродуциран архивски материјал (документација), која по барањата од имотно-правен карактер се издава исклучиво како заверен документ потпечатен со штембил, два потписа, печат и деловоден број.
ШТО ВРШИ ДРЖАВНИОТ АРХИВ?
Во Државниот архив на Република Северна Македонија постојат разни видови документи од имотно-правен карактер, кои се донесени согласно нивната надлежност од различни државни органи.
Државниот архив врши увид во постоечката документација и фактите наведени од неа ги издава во вид на
- Уверение, кое се потврдува со потпис и печат и
- Заверена копија, која се потврдува со штембил, два потписа, печат и деловоден број.
Така издадените уверенија и заверени копии, може да се користат за остварување одредени права на физичките или правните лица пред судските и државните органите надлежни за решавање предмети од имотно-правен карактер.
КОЈ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ?
Секое физичко или правно лице на кое се однесува посочениот документ.
По исклучок може да поднесе барање и странско, правно или физичо лице на кое со посебен закон (lex specialis) му е овозможено да користи одредено право на територијата на Република Северна Македонија.
ШТО ТРЕБА ДА ПОДНЕСЕ?
Пополнет формулар од барање таксиран со административна таксена марка од 50,00 денари(согласно Законот за административни такси), во кое ги наведува сите карактеристики на имотот (за полесно наоѓање на документот):
- Видот на имот кој бил насилно одземен;
- Тогашниот сопственик од кого имотот бил насилно одземен;
- Основот на насилниот акт по кој е имотот одземен;
- Органот кој го донел тој акт за насилно одземање;
- Времето кога е извршено одземањето;
- Ксерокскопии од документи (доколку поднесителот на барањето ги поседува) кои се во најтесна врска со одземениот имот (тапии, купопродажни договори, градежни дозволи, поседовни листови, пресуди, записници/списоци на насилно одземен движен имот и др.)
КАДЕ СЕ ПОДНЕСУВА ПОПОЛНЕТИОТ ФОРМУЛАР?
Правилно пополнетиот формулар од барањата за имотно-правни работи се поднесува во архивата на Државниот архив каде што барањето се заведува во деловодната книга и на подносителот на барањето му се издава потврда за прием на барањето со податоци за деловодниот број под кој барањето е заведено, датум кога барањето е заведено и контакт телефон на кој странката може да се информира дали барањето е решено во законскиот рок.
КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ЧЕКА НА ОДГОВОР ОД БАРАЊЕТО?
Стандарден рок за доставување одговори на поднесените барања од областа на имотно-правните работи е 10 (десет) дена од денот на поднесување на барањето.
КОЛКУ СЕ НАПЛАТУВА УСЛУГАТА?
Државниот архив на Република Северна Македонија услугата ја наплаќа во висина на реално направени трошоци, дефинирани со Ценовникот на Државниот архив и тоа:
- за Уверение се наплатува 300,00 денари, а
- за Заверена копија се наплатува 200,00 денари
КАКО СЕ ВРШИ НАПЛАЌАЊЕТО НА УСЛУГАТА?
Наплаќањето на услугата и административните такси се вршат со образец пп50.
2. ИЗДАВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА РАБОТЕН СТАЖ
ОПИС НА УСЛУГАТА
Издавање на уверенија и/или заверени копии од документацијата која го потврдува работниот стаж на барателот
ШТО Е УВЕРЕНИЕ?
Уверение, согласно Законот за општа управна постапка е секој пишан документ, со кој се потврдува одреден факт кој е од битно влијание за остварување на некое право или обврска на граѓаните или правните лица
ШТО Е ЗАВЕРЕНА КОПИЈА?
Заверена копија од оригинална документација е репродуцирана архивска граѓа (документација), којапо барањата од областа на работењето и работните односи се издава исклучиво како заверен документ потпечатен со штембил, два потписа, печат и деловоден број.
ШТО ВРШИ ДРЖАВНИОТ АРХИВ?
Во Државниот архив на Република Северна Македонија, во помал обем, постојат и разни видови документи за остварување одредени права од областа на пензиското и инвалидско осигурување, кои се донесени согласно нивната надлежност од различни органи и организации по пртестанокот со работа и тоа:
- Платни списоци (исплатни листи);
- Работни картони;
- Обрасци М1, M2, М4, М8 и сл.
Државниот архив врши увид во постоечката документација и фактите наведени од неа ги издава во вид на:
- Уверение, кое се потврдува со потпис и печат и
- Заверена копија, која се потврдува со штембил, два потписа, печат и деловоден број.