150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ (1872 – 2022)

 

„Јас го разбирам светот единствено како поле за културен напредок на народите.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

„Слободата ни треба нам. Така како што ја владееме ноќта, треба да го владееме и денот. И тоа ќе го постигнеме или ќе изумреме!“

„Ако тиранијата е насилие, револуцијата е насилие протиб насилието“

„Моралната револуција – револуцијата на умот, срцето и дуѓата на еден ропски народ, е најголемата задача.“

„Во жртвата не треба и не може да има степен: таа завршува, кога е потребно, и со име и со чест.“

Кога ќе престане робот во душата да биде таков, ропството исчезнува само по себе.“

                                                                                                                   (Изреки и искажувања на Гоце Делчев)

 

Гоце Делчев (1872- 1903), родум од Кукуш, бил македонски револуционер, учител, војвода и ревизор на четите на Организацијата. Завршил егзархиска гимназија во Солун и се запишал на Военото училиште во Софија. Во редовите на МРО бил приклучен од страна на Даме Груев во 1894 година. Учителствувал во штипско Ново Село. Учествувал како делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1896 година. Заедно со Ѓорче Петров ги изготвиле првите Устав и Правилник на ТМОРО во кои ги поставиле основните идеолошки поставки на Организацијата.Бил еден од основачите на Четничкиот институт на Организацијата (кој се состоел од: инструктори на чети, агитациони чети, селска полиција и народна војска) и учествувал во создавањето на канали за пренесување на оружје од Бугарија на територијата на Македонија. Од страна на ТМОРО бил избран за главен ревизор на четите во кое својство направил обиколка на повеќе револуционерни окрузи на Организацијата низ целата територија на етногеографска Македонија. Бил избран и за член на Задграничното Претставништво на ТМОРО во периодот пред избувнувањето на Илинденското востание. Станал еден од главните поборници на идејата за тоа да не се крева избрзано востание во Македонија и да се чека поволен момент за тоа. Загинал во судир со турската војска кај селото Баница, Серско на 4 мај 1903 година. 

Превземи: ИЗЛОЖБА: „ЛИЦАТА НА ВОЈНАТА: МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГОЛЕМАТА ВОЈНА (1914-1918)“

Автор: д-р Јасмина Дамјановска
Графички дизајн: м-р Јован Стојановски
Лектура: Маргарета Карајанова

Благодарност за соработката до:
Државен архив на Република Македонија – Одделение Битола;
Воен музеј на Република Македонија;
Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј – Штип;
Министерство за култура на Република Франција
и до сите оние што на каков било начин беа вклучени и дадоа свој придонес за подготовка на изложбата.