ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате интернет страната на Државниот архив на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: ДАРСМ) и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Чии податоци собираме:

  • Посетители на нашата интернет страна www.arhiv.gov.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна.
  •  баратели и други физички лица во врска со поднесување на разни барања и услуги.
  •  лицата кои врз основа на Законот за заштита на лични податоци поднесуваат известувања и барања до ДАРСМ.
  •  Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  •  Учесници на обуки, конференции и настани – Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од ДАРСМ.

Категории на податоци кои се обработуваат:

Податоци за навигација:

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  •  Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  •  време и датум на пристап на веб-страната;
  •  Држава (се одредува преку IP адресата), серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Сите активности на веб-страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна;
  •  Клучни зборови по кои се вршело пребарување на нашата веб-страна.

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат:

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за издавање на потврди за стаж и за имотно-правни акти, за одобрување на користење и истражување на архивски материјал, за исполнување на надлежности од областа на канцелариското и архивското работење, обезбедување на повратни информации.

Може да собереме некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата кои пристигнале и бројот на дадените услуги, во форма која не открива нечиј идентитет.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, пропишани со интерни нормативни акти, вклучувајќи:

  •  преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ja формата за праќање емаил до писарницата на Државниот архив на следната адреса: contact@arhiv.gov.mk, и тоа, Вашата емаил адреса, додека полето за име и презиме е незадолжително. Оставањето на овој податок е исклучиво со дозвола на посетителот на веб страницата на ДАРСМ;
  •  преку праќање дописи на службените е-маил адреси на вработените во Државниот архив;
  •  преку поднесување на барања за издавање потврда за имотно-правни акти;
  •  преку поднесување на барања за издавање потврда за работен стаж;
  •  преку поднесување на пријава за користење на архивски материјал;
  •  преку поднесување на барање за купување на архивски изданија;
  •  преку вршење надзор и контрола кај имателите на јавен и приватен архивски архивски и документарен материјал и водење евиденција при инспекцискиот и стручниот надзор кај имателите, согласно чл.2 ст.4 од Законот за заштита на лични податоци;
  •  преку финансовото работење, при склучување договори, авторски договори, при спроведување на јавни набавки;
  •  преку пошта.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • право на пристап до личните податоци;
  • право на исправка и бришење на личните податоци;
  • право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • право на приговор.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци, Горан Маневски, на следниов e-mail: goran.manevski@arhiv.gov.mk.

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП)

Ако сметате дека начинот на кој ДАРСМ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.