ПРЕСТОЈ НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ
Материјата за престој на странци во Државниот архив на Република Северна Македонија се уредува со посебен правилник. Во согласност со Правилникот, странските државјани и истражувачи можат да престојуваат во Архивот на негова покана, по предлог на државни органи од Република Северна Македонија и ако самите непосредно се најават. Нив ги прима директорот на Државниот архив, заменикот на директорот или друг овластен работник.
Со Правилникот се пропишани движењето и правилата за водење разговори со најавените странски државјани, како и идентификација и најава на ненајавени странци (чл. 3-7 од Правилникот).
Странски државјани може да користат архивски материјал во Архивот во согласност со Законот за архивски материјал, меѓународните договори, врз основа на реципроцитет и во согласност со општите акти на Архивот.
Планирањето, организацијата и реализацијата на престојот на странски делегации или поединци во Архивот, ги обезбедуваат одговорни работници во Архивот.
Странските државјани може да користат архивски материјал во подрачните одделенија на Архивот само со претходно одобрување од директорот на Архивот.
На странски државјанин нема да му се дозволи понатамошен престој или истражување на архивски материјал, ако не се придржува кон одредбите на Законот за архивски материјал и на овој Правилник.