Раководство
ДИРЕКТОР
М-р Димитар Богески e роден на 21 април 1981 година, во Скопје. Додипломски и постдипломски студии завршил на Институтот за историја при Филозофскиот факултет, при што ја одбранил магистерската теза „Дејноста на ВМРО во Вардарска Македонија 1919-1934 г.“
Во Државниот архив засновал работен однос во 2008 година при што од 2010 до 2015 г. бил раководител на Одделението на Државниот архив – Скопје, од 2015 до 2017 г. бил в.д. државен советник во Државен архив – централен дел, и од 2017 г. раководител на Одделение во Државен архив – централен дел.
М-р Димитар Богески бил и советник во Советот на Општина Центар во периодот од 2005 до 2009 г., и претседател на Одборот за подигање споменици и спомен-обележја (Воин на коњ, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, Карпош). Како советник бил претседател и на Комисијата за култура при Советот.
Бил учесник на меѓународни архивистички форуми и конференции, како „Conferenca of Archives in the Slavic countries“, учествувал на настани во организација на International Foundation „Forum of Slavic Countries“; „International Institute for Archival Science“ IIAS; „IIAS Autumn Archival School“.
Учествувал во повеќе проекти и иницијативи на невладини организации, како обука за политичко лидерство, политички менаџмент и водење кампањи во организација на ИРИ, активности во однос на општински училишта и градинки во општина Центар како проект на УСАИД. Се стекнал со сертификат за односи со јавност и медиуми од НДЦ, посетувал семинари, обуки и предавања на фондацијата „Конрад Аденауер“, учествувал во проекти поврзани со локален економски развој преку ЗЕЛС, Општина Центар и УНДП.
Говори англиски јазик и словенски јазици од Балканот.
Стручно-научни трудови:
– „Архивот на Скопје 1952 – 2012 – ЗАПИСИ“, Годишњак историског архива Пожаревац, год. 1 бр. 1, 2012 година.
– „Проблемот на рационализација и валоризација во некои сфери на архивската дејност“ ЗАПИСИ , Годишњак историског архива Пожаревац, год. 2, бр. 2, 2013 година.
– „Монографија за архивот на град Скопје“ со изложба во Париз, под покровителство на УНЕСКО
ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР
М-р Тренделина Деари е родена на 10 септември 1983 година во Гостивар, Република Северна Македонија.
Основното образование го завршила во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, додека средното образование го продолжила во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, каде се стекнала со стручно образование со звање медицинска сестра – техничар.
Во 2006 година дипломирала на Факултетот за педагошка и методолошка обука – насока Социологија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, при што се стекнала со стручен назив Професор по социологија.
Во 2017 година ги завршила постдипломските студии (втор циклус) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје, на студиската програма Социологија – менаџмент на општествени промени, со што се стекнала со научен назив Магистер по социологија – менаџмент на општествени промени.
Од 2008 година е вработена како професор по социологија во СОУ Гостивар (гимназија), каде стекнала значајно професионално искуство во образовниот процес, наставната дејност и работата со млади.
Во текот на својата професионална кариера активно учествувала на бројни домашни и меѓународни обуки, семинари и работилници од областа на образованието, интеркултурниот дијалог, инклузивното образование, образованието за мир, како и примената на современи наставни методи. Поседува повеќе сертификати издадени од релевантни институции и организации, меѓу кои Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Нансен дијалог центар Скопје, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и други организации кои работат во областа на образованието и општествениот развој.
Се одликува со развиени комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, интеркултурна соработка, како и со високо ниво на толеранција, одговорност и професионална посветеност.
Албанскиот јазик го користи како мајчин, а активно ги владее македонскиот, српскиот и англискиот јазик, додека турскиот јазик го познава на основно ниво.
Поседува солидни информатички вештини, со активно користење на компјутерските програми Microsoft Word, Excel и PowerPoint, како и работа со современа компјутерска опрема.