СТРУЧНО – НАУЧНИ СОВЕТУВАЊА
Еден од облиците на континуирано стручно и научно усовршување на архивистичкиот кадар во НР/СР и Р Македонија е организирањето и учеството на архивистички стручно-научни собири. Стручните советувања беа организирани на републичко, мегурепубличко и сојузно ниво. Така, во изминатиот 50-годишен период (1954 – 2004 год.) се одржани околу 90 стручно-научни собири на архивистите, во организација на Државниот архив на Р Македонија и сојузитете на архивистите на Македонија и на Југославија.
Имено, во периодот 1968-1990 одржани се 20 републички советувања на архивските работници на Македонија. На нив учествуваа со реферати и соопштенија архивистите од Државниот архив и од историските архиви во Републиката, како и членови на Сојузот на друштвата на архивските работници на Македонија (СДАРМ). Поголемиот дел од овие советувања беа во врска со примена на архивските прописи (закони, уредби, упатства и сл.), како и одделни тематско-проблемски советувања (работа со имателите, средување и обработка на архивска грага, заштита на грагата во случај на војна и др.). Материјалите од републичките советувања беа објавувани во списанието „Македонски архивист“.
Во периодот 1969-1990 година се одржани и 20 мегурепублички советувања на архивските работници на Македонија и Србија. Најголемиот дел од овие советувања е од проблемско-тематски карактер, потоа за примена на прописите, размена на искуства и др. Материјалите се објавувани во списанијата „Македонски архивист“ и „Архивски преглед“.
На ниво на Сојузот на архивските работници на Југославија се одржувани редовни сојузни советувања (1968-1990) на кои е земено учество со реферати и соопштенија. Тие се објавувани во Сојузното списание „Архивист“.
Исто така, со реферати и соопштенија е учествувано во работата на 11-те Конгреси на архивските работници на Југославија, кои се одржувани секоја четврта година (1954-1990). СДАРМ и Државниот архив на Македонија беа организатори на првиот архивистички конгрес во Охрид (1954 год.) и на IX-от конгрес во Струга (1980 год.). Материјалите од конгресите се публикувани во специјални изданија.
Државниот архив на Република Македонија беше организатор на Мегународната тркалезна маса „Архивите во времето на транзицијата“, што се одржа во јуни 1996 год. во Охрид. Материјалите од тркалезната маса се објавени во посебно издание на Државниот архив.
Посебен облик на соработка со имателите на архивска грага во Републиката беа редовните стручни советувања за усовршување на кадарот кој работи во писарниците- архивите на имателите. Имено, во периодот 1968-2004 се одржани 20 советувања со претставници на имателите. Тие беа организирани како општи советувања за сите иматели (за примена на нови архивски прописи, планови и листи и сл.) или според иматели од одделна гранка на дејност (државна управа, локална самоуправа, стопанство, здравство, образование, одбрана и др.).
Превземи: Збирка прописи со практични примери