Вработени од Државниот архив кои се вклучени во издавачката дејност денес ја посетија една од најрепрезентативните издавачки куќи во државата, “Арс Ламина”. Целта на посетата беше споделување на искуства во делот на сите процеси на издавачката дејност кои ги остваруваат “Арс Ламина” и Државниот архив.
Директорот на издаваштво, Бранка Бугариска и уредникот Бисера Бендевска имаа успешна презентација за работата на издавачката куќа.
Државниот архив изразува јавна благодарност до “Арс Ламина” за покажаната општествена одговорност.
