Денеска сме дел од Саемот на книгата 2026 – „Отвори прозорец кон нови светови“.
На нашиот штанд претставуваме повеќе од 40 изданија што ја носат богатата историја и културна меморија на Македонија.
На свеченото отворање свое обраќање имаа претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, и министерот за култура, Зоран Љутков.
Во 16 часот следува промоција на книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија“, автор доц. д-р Аднан Шериф – дело што отвора нови погледи кон нашето минато.









