Денеска во 16 часот, на Саемот на книгата, се одржа промоцијата на книгата „Османлиски документи за историјата на Македонија“, дело на нашиот колега и автор доц. д-р Аднан Шериф.
Ова значајно издание отвора нови погледи кон нашето минато и претставува важен придонес за историската наука.
Државниот архив секогаш давал и ќе продолжи да дава поддршка на своите колеги. Нивниот успех е и наш успех.


